Background

Студентите се собираат пред српскиот Парламент

По инцидентот во српскиот Парламент, полиција е распоредена во холот, а пред Собранието се собираат студенти и граѓани. Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, изјави дека 3 пратенички се повредени.

Таа истакна дека седницата ќе трае до 18 часот, во согласност со деловникот.

Додека се обраќаат пратениците од владејачката СНС и СПС, се слушаат вувузели и свирчиња. Опозициските пратеници така ги попречуваат пратениците да зборуваат.

- Advertisement -
Ad image

На почетокот на пролетната седница на Собранието на Србија опозициските пратеници фрлија димни бомби и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Србија стана за режимот да падне“. Пратениците од владејачката партија извикуваа „Усташи“ и вееја српски знамиња. Тие фрлаа со шишиња со вода, при што една пратеничка е погодена во глава.

Седницата на Собранието на Србија беше прекината откако опозициските пратеници ја напуштија салата, притоа активирајќи пиротехнички средства.

Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.

Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и истакнаа транспарент на кој пишува „Србија стана за режимот да падне“.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како една пратеничка е погодена со предмет во глава. Според снимката, предметот е фрлен од клупите на владејачкото мнозинство.

Брнабиќ тврди дека предметот бил фрлен од претставниците на опозицијата.

Таа ја нарече опозицијата терористичка банда.

Насобраниот народ и студентите пред Парламентот свират, извикуваат „уа“ и „крадци“, носат транспаренти на кои пишува „Корупцијата убива“ и „Наш протест“.

Пред зградата на Парламентот се распоредува полиција за разбивање демонстрации.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation