Сценаристот на филмската франшиза за Хари Потер, Стјуарт Крег, починал на 83-годишна возраст во својот дом, по 14-годишна борба со Паркинсоновата болест.
Во соопштението на неговото семејство за „Гардијан“, се вели:
– Нашиот сакан сопруг и татко, длабоко сакан и почитуван, беше познат не само по својот талент, туку и по неговата љубезност и трогнати сме кога слушнавме колку животи допрел. Тој ќе живее во нашите срца засекогаш.
Трикратниот добитник на Оскар беше номиниран уште осум пати, вклучувајќи четири номинации за филмовите за Хари Потер.
Неговиот настап на наградите БАФТА беше уште поимпресивен: 16 номинации и три победи.