Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 5 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 96,97 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 103,48 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 49,78 евра за мегават час, а на MEMO 52,65 евра.
Цената на природниот гас на унгарската берза CEEGEX изнесува 39,49 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 36,31 евра.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.