Background

Страмер ќе му предложи на Трамп 30.000 европски мировници да се распоредат во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер на претстојната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во САД ќе му претстави план за Украина, според кој приближно 30.000 европски војници ќе бидат испратени во земјата, за да се обезбеди спроведувањето на евентуалниот договор за прекин на огнот, дознава Телеграф.

Се очекува Стармер да објасни како европските сили би можеле да го следат спроведувањето на прекинот на огнот, а тој ќе побара од Трамп да обезбеди американска воздушна и ракетна поддршка од Источна Европа, во случај на руско прекршување на договорот.

Планот произлезе од стравувањата дека американскиот претседател би можел да го намали американското учество во Украина веднаш по евентуалниот прекин на огнот. Англо-француската стратегија за „сили на убедување“ им беше претставена на највисоките европски лидери на вонредниот состанок во Париз во понеделникот, инициран од францускиот претседател Емануел Макрон, кој се одржа како реакција на отворањето на мировните преговори на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека единствената одговорност за мировните операции во Украина ќе падне на Европа и на Канада. Стармер рече дека сака да дејствува како „мост“ меѓу Вашингтон и Европа, бидејќи и ЕУ и Киев се чини дека се исклучени од мировните иницијативи на Трамп.

Според британско-францускиот план, околу 30.000 европски војници ќе бидат распоредени во клучните украински градови, пристаништа и околу критичната инфраструктура, како што се нуклеарните централи, но, далеку од сегашните линии на фронтот. Планот се заснова на „технички надзор“, кој вклучува беспилотни летала, извидувачки авиони и сателити, за да се обезбеди целосна контрола на ситуацијата.

Западните власти нагласија дека операцијата ќе биде поддржана од воени сили доволно силни за да ги следат и соборат руските напади, со што украинскиот воздушен простор повторно ќе се отвори за комерцијални летови. Во Црното Море ќе бидат распоредени и поморски патролни бродови, за да ги заштитат поморските трговски патишта.

Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски бара меѓународна мировна мисија од најмалку 200.000 војници, европските опции се ограничени поради противењето на Германија, Шпанија и на Италија за распоредување копнени сили во Украина. Стармер предупреди дека за таква мисија ќе биде потребна „американска поддршка“, за да се осигура дека Русија нема да се обиде да изврши нов напад.

Некои аналитичари веруваат дека ќе бидат потребни најмалку 40.000, па и до 150.000 европски војници, за ефикасно да се спроведе прекинот на огнот.

Механизмот „бекстоп“ би вклучувал американски борбени авиони стационирани во Романија и во Полска, подготвени да одговорат на руската агресија. Се разгледува и можноста за поголема мултинационална копнена сила на источните граници на НАТО, која би можела да интервенира доколку европските сили во Украина бидат загрозени.

Стратегијата е дизајнирана да не ги доведе трупите на НАТО во директен конфликт со руските сили. Се очекува дека НАТО ќе преиспита дали членот 5 од Договорот за заемна одбрана, кој предвидува дека нападот врз една членка е напад врз сите, значи и дека овој механизам може да ги опфати европските трупи стационирани во Украина. Сепак, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека какво било распоредување на западни трупи нема да повлекува активирање на членот 5.

Додека европските сили во Париз се обидуваа да ја дефинираат својата улога во мировниот процес, украинскиот претседател Володомор Зеленски и Трамп продолжија со острата размена на зборови.

Трамп ја обвини Украина за започнување на војната и побара избори бидејќи Зеленски е „исклучително непопуларен“. Зеленски му одговори дека живее во балон од дезинформации, на што Трамп му одговори дека е диктатор и му порача дека е подобро „да тргне брзо, инаку нема да има држава“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation