Стотина метри ги делат пламените јазици од производните хали на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николиќ, откако рано изутринава огнот се рашири низ нискостеблестата шума над Дојран.
Вознемирени жители на социјалните мрежи објавија дека во критичниот момент „авион нема, хеликоптер нема, а ветерот засилува“
Градоначалникот на Дојран објави видео на Фејсбук каде вели дека е потребна воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ.
Екипите од Територијалната противпожарна единица – Дојран, поддржани од доброволци и механизација на „Дојран Стил“, копнено направија заштитен коридор меѓу фабричките магацини и фронтот на огнот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
