Стојаноски: Со намалување на репрезентативот од 10 на 5% го либерализираме синдикалното движење

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со намалување на репрезентативот од 10 на 5% го либерализираме синдикалното движење, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Стојаноски посочи дека на ваков начин ќе се постигнат две работи.

-Прво на ваков начин многу повеќе работници ќе бидат претставувани на економско социјалниот совет, а понатаму многу повеќе синдикати ќе имаат право на глас и ќе може да ги претставуваат работничките граѓани пред Владата и пред работодавачи. Ова е барање на европските институции нешто кое и кај нас во Собранието го соопштија претставниците кои дојдоа од европската конфедерација на синдикати, истото тоа го бараат и од светската конфедерација на синдикати – рече тој во емисијата „Отворено” на телевизија 24..

Според него, на ваков начин на синдикалното движење му се дава можност подемократски и посуштински  да учествува во економско социјалниот совет и да ги претставува барањата на работниците.

Стојаноски истакна дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа голем дел работници немаа право на глас на економско социјалниот совет.

– Досега имам чувство дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа сосема солиден дел од работниците или институциите во нашата држава имаа чувство дека се оставени на страна бидејќи можеа да учествуваат на економско социјален совет, а не можеа да гласаат. На ваков начин ние сметаме дека правиме една правична ситуација – вели Стојаноски.

Share This Article