Во своите први коментари по тензичната и нервозна средба со Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на својот американски колега Доналд Трамп и на Американците, неколку пати. Неговата прва реакција на социјалната мрежа Икс гласи:
„Благодарам Америка, благодарам за вашата поддршка, благодарам на оваа посета. Благодарам на претседателот на САД, Конгресот и на американскиот народ“, напиша Зеленски откако предвреме ја напушти Белата куќа.
„На Украина ѝ треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа во моментов“, додаде Зеленски.
На средбата Трамп му рече на Зеленски дека се коцка со Третата светска војна и дека не е благодарен за американската поддршка.
Белата куќа соопшти дека не бил потпишан договорот за користење на украинските ретки минерални богатства предложен од САД.
По средбата Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека „Зеленски може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
