Статуа на Кристијано Роналдо е поставена во центарот на Њујорк по повод неговиот 40-ти роденден.
На 5 февруари, напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија прослави роденден.
По тој повод, на „Тајмс Сквер“, плоштад во центарот на Менхетен, беше поставена бронзена скулптура на Роналдо висока 12 метри, стоејќи на камион и обоена во зелена, црвена и златна боја.
Автор на уметничкото дело е скулпторот Серџо Фурнари, кој се прослави со неговиот споменик „Ручек на врвот на облакодер“, кој е интерпретација на познатата фотографија од 1932 година на која работниците ручаат на една од челичните греди на 69-тиот кат на „Центарот Рокфелер“ во изградба на висина од повеќе од 200 метри.
Скулптурата е создадена за да ја „овековечи суштината на Роналдо не само како спортист, туку и како културна икона која инспирирала милијарди луѓе ширум светот“.
– Кристијано Роналдо е повеќе од обичен фудбалер. „Тој е симбол на упорност, извонредност и универзално единство, што ме инспирираше да го создадам ова ремек дело – рече Фурнари.
Откако Фурнари ја откри статуата, присутните почнаа да скандираат „Сиу“, начинот на кој Португалецот ги прославува головите.