Стармер бара начин да се трошат замрзнатите руски милијарди

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина, рече попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видеоврска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон.

– Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотните летала – рече Макрон.

Францускиот претседател додаде дека нови ракети ќе бидат доставени во Украина и дека во наредните недели ќе биде обезбедена дополнителна обука.

Макрон додаде дека најновите 19. санкции на ЕУ треба да влијаат на финансирањето на руските воени напори.

Тој рече дека „Коалицијата на подготвените“ дефинирала стратегија за поддршка на идната безбедност на Украина, за да може да се одбрани од евентуален иден напад. Макрон повтори дека постојат планови за распоредување мултинационални сили во Украина откако ќе завршат борбите. Според него, овие сили ќе помогнат во обезбедувањето на небото и морињата на Украина и во обновата на нејзините вооружени сили.

Макрон нагласи дека овие сили ќе имаат поддршка и придонес од 25 земји учеснички.

Британскиот премиер Кир Стармер по обраќањето на Макрон изјави дека европските лидери на „Коалицијата на подготвените“ мора да се согласат да ја завршат работата за користење на замрзнатите руски средства за зајакнување на одбраната на Украина.

– Треба да ослободиме милијарди за да помогнеме во финансирањето на одбраната на Украина – им рече Стармер на европските лидери на состанокот во Лондон.

Тој истакна дека Велика Британија е подготвена да дејствува во согласност со ЕУ, за да се придвижи напред што е можно побрзо.

- Advertisement -
Ad image

Стармер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека во последните денови ги отфрла можностите за разговори.

– Наместо тоа, тој поставува смешни барања за украинска територија што не можеше да ја земе со сила. Тоа е неприфатливо – рече Стармер.

На состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Лондон се присутни и нови членки, вклучувајќи дополнителни 20 земји кои ќе се приклучат на заедничкиот повик за поголема меѓународна соработка и поддршка за Украина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article