Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела е дел од АТП турнирот во Атина, донесе одлука за својот настап на завршниот Мастерс што се игра во Торино.
Според информацијата што ја пренесе претседателот на Тенискиот сојуз на Италија, Анџело Бинаги, српскиот тенисер ќе биде дел од „осмерецот“ што треба да настапи на последниот турнир.
Ѓоковиќ од претходно има обезбедено учество, но сè уште го нема потврдено учеството, но го нема ниту откажано. Минатата година седумкратниот победник на Мастерсот (последен пат 2023 година) учеството го откажа многу порано. Српскиот тенисер досега има 16 учества на овој турнир, кој годинава ќе се игра од 9 до 16.ноември.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
