ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Србија (ФСС) со делумно затворање на стадионот за натпреварот против Англија во квалификациите за Светското првенство 2026 и глоба од 50.000 швајцарски франци поради расистичкото однесување на навивачите.
Казната е изречена поради расистички навреди и несоодветни пораки и гестови од трибините за време на натпреварот против Андора, се вели во соопштението на ФИФА.
„Фудбалскиот сојуз на Србија уште еднаш апелира до навивачите да запомнат дека ФСС е под посебен надзор на дисциплинските тела на ФИФА и УЕФА и дека постои нулта толеранција за прекршување на прописите и законите“, соопшти ФСС.
Поради инциденти предизвикани од навивачите, раководното тело на српскиот фудбал само во последните пет години е санкционирано со повеќе од 700.000 евра.
Натпреварот помеѓу Србија и Англија е закажан за 9 септември во Белград.