Средби на македонски и британски министри во Лондон

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан.

На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Николоски најави голем број средби со високи владини претставници.

– Денеска ја почнуваме дводневата работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер – изјави Николоски.

Во текот на денешниот ден премиерот Мицкоски ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс, додаде Николоски, што е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голем чест.

– Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас, затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада, со кој на Македонија ѝ се ставаат на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работотат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршувањето на локалните избори, кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик, ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Во текот на утрешниот ден ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство и министерот за Европа и Северна Америка, додаде Николоски.

– И многу значајно, со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај, што ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме една плодна дводневна посета во Лондон. И првата средба тоа го покажува дека сме на добра патека и првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство – изјави вицепремиерот Николоски

На самата средба со министерот за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан беа истакбати стабилните економски и политички односи, високото ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија, која е силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата.

- Advertisement -
Ad image

– Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка – истакна на средбата потпретседателот Николоски, соопшти Министерството за транспорт.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

Share This Article