Светскиот рекордер во освоени грен слем титули Новак Ѓоковиќ, кој во моментов се наоѓа на седмото место на АТП-листата, потврди дека ќе игра на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, каде што не настапуваше во последните шест години.
Пред настапот на Флорида, каде најдобрите тенисери од 18 до 30 март ќе се борат за трофејот, остатокот од тениската елита, вклучувајќи го и Ѓоковиќ, ќе игра на турнирот Мастерс 1000 во Индијан Велс, кој е закажан од 5 до 16 март.
Ѓоковиќ последен пат играше во Мајами во 2019 година, кога беше поразен во осминафиналето од Шпанецот Баутиста Агут.
Српскиот тенисер последен пат го освои турнирот во 2016 година, а претходно победничкиот пехар во Мајами го подигна уште пет пати, во 2007, 2011, 2012, 2014 и 2015 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
