56-годишен турист од Пожаревац, Република Србија, починал вчера попладне во близина на хотелот Инекс на охридското крајбрежје, потврди СВР Охрид. Безживотното тело било пронајдено на пешачката патека меѓу хотелот и излезот кон една од плажите во градот.
Случајот е пријавен во полиција на 20 јули 2025 година, во 19:41 часот. По преземените мерки, утврдено е дека станува збор за лице со иницијали М.Џ., кое, според информациите, имало претходни здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош кој пристигнал на местото ја констатирал смртта и притоа не биле забележани траги на насилство.
Според првичните проценки, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар. Случајот е пријавен во надлежното јавно обвинителство, а телото е предадено за понатамошна постапка.