Kомпанија за производство на муниција во Босна и Херцеговина, „Игман“ од Коњиц, го прекина производството и ги испрати работниците на принуден одмор, бидејќи Србија престана да испорачува барут, што е клучно за тоа производство.
Според одлуката на директорот Аднан Превљак, на сите работници на „Игман“ им е наложено колективно да го користат преостанатиот годишен одмор за 2025 година, почнувајќи од денес, сè додека не се создадат услови за работа, односно додека не се испорача барутот.
Во јуни оваа година, Владата на Србија го забрани извоз на оружје и воена опрема, што предизвика прекин на снабдувањето со барут што им е потребен на компаниите од посебната индустрија, вклучувајќи го и „Игман“.
Србија го прекина извозот во екот на израелско-иранскиот конфликт и честите критики од Москва поради извозот на оружје во Украина.
Компанијата „Игман“ д.д. Коњиц, во мнозинска сопственост на Федерацијата на Босна и Херцеговина е еден од најголемите индустриски работодавци во земјата, со 1.410 вработени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
