Србија дава 20.000 евра субвенции за стан за жените што родиле бебе

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од буџетските резерви на Србија се префрлаат 1,8 милиони евра на Министерството за семејна грижа и демографија, со цел да се обезбедат средства што недостасуваат и се потребни за исплата на пари како помош на мајките за купување стан врз основа на раѓање дете, одлучи српската Влада.

Од ноември 2024 година до крајот на февруари 2025 година, тоа Министерство додели вкупно 279 субвенции за купување прв стан или куќа на брачни парови со деца при што максималниот износ на субвенцијата е 20.000 евра, објави Нова економија.

Во текот на целата претходна година, Министерството за труд, кое тогаш беше задолжено за тие субвенции, додели 351 субвенција во вкупна вредност од 5,33 милиони евра.

Субвенции по таа основа можат да добијат сите мајки кои родиле дете, и можат да аплицираат за ова право во рок од една година од денот на раѓањето на детето.

Како што објави Министерството, мајките имаат право на државно учество при купување на нивниот прв стан или куќа, изградба на куќа, како и субвенција при земање кредит за тие цели. Паричните средства за тие цели се неповратни.

Имотот, односно станот или куќата, ќе биде регистриран на име на мајката и не може да се продава во следните пет години, а основен услов за овој вид државна помош е мајката да не поседува или да не биде ко-сопственик на недвижен имот и приходот на брачните другари да не надминува две просечни плати на национално ниво (помалку од 220.000 динари).

Во буџетот на Министерството за семејна грижа е наведено дека за оваа година се издвоени 555 милиони динари во програмата наречена „Координација и спроведување на популациската политика“, 103 милиони динари се наменети за програмата „Координација и спроведување на политиката во областа на демографијата“, а 90 милиони динари за „Поддршка на семејствата и децата“, додека вкупниот буџет на министерството оваа година е 1,55 милијарди динари.

Оваа година, според министерката Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, паровите кои сакаат да изградат куќа ќе имаат на располагање три градежни проекти (според мотиви на српски традиционални куќи).

– Кога семејствата сакаат да градат куќа, плаќаат проектанти, архитекти… Ние сакаме да биде потполно бесплатна таа услуга и затоа е услуга која ќе заштеди неколку илјади евра во нивниот семеен буџет, но што е најважно, ќе им го олесни и забрза процесот – рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article