„Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кинескиот стартап DeepSeek и неговиот основач Лианг Венфенг се во центарот на вниманието поради најновиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) кој наводно има можност за рационално расудување. Растот на популарноста предизвика реакции кај технолошките гиганти во САД и ја потресе берзата на Волстрит.

Во меѓувреме, гигантите Mајкрософт и OpenAI водат истрага за тоа дали DeepSeekнезаконски презел податоци за технологијата на развивачот на ChatGPT, објави денеска Блумберг.

Експерти за безбедност на Мајкрософт оваа есен регистрирале масовно извлекување на податоци преку програмскиот интерфејс на OpenAI од лица за кои се претпоставува дека се поврзани со DeepSeek.

На кинеската социјална мрежа Weibo, повеќе од десетина хаштагови поврзани со оваа технологија беа во тренд, а објавите како „DeepSeek ги урива американските акции“ и „DeepSeek ја води Мета во паника“ добија милионски прегледи.

Најновиот модел, DeepSeek R1, беше претставен на 20 јануари и веќе се искачи на врвот на меѓународните продавници за апликации, надминувајќи го ChatGPT на OpenAI.

Кој ги користи чиповите на nVidia?

Западните медиуми ја објавија и информацијата дека DeepSeek надовно користи чипови на nVidia, водечката компанија за чипови чиишто акции падна за неверојатни 17% во еден ден.

Компанијата го преживеа историскиот шок губејќи 600 милијарди долари од својата вредност, но портпаролот на nVidia во изјава го пофали ривалот тDeep Seek велејќи дека моделот  е одличен напредок со вештачка интелигенција и совршен пример за скалирање на времето за тестирање.

Всушност, компанијата nVidia во понеделникот соопшти дека растот на DeepSeek ќе значи поголема побарувачка за нејзините чипови на кинескиот пазар.

Ројтерс напиша дека еден од истражувачките трудови за DeepSeek вели дека компанијата користела околу 2.000 чипови од типот H800 на Nvidia, кои биле дизајнирани да се усогласат со американските контроли за извоз објавени во 2022 година.

- Advertisement -
Ad image

Експертите за Ројтерс рекле дека овие американски мерки „едвај ќе го сопрат напредокот на Кина со вештачка интелигенција“.

Оптимизација за само 6 милиони долари

Лианг Венфенг, основачот на DeepSeek, е инженер и претприемач познат по тоа што вработува исклучиво домашни експерти и развива ВИ модели со отворен код. Тој го основа DeepSeek во 2023 година, а претходно беше ко-основач на хеџ-фондот High-Flyer Quant, кој интегрира модели на машинско учење во финансиските операции.

Според компанијата, развојот на DeepSeek R1 чинел помалку од шест милиони долари – значително помалку од американските конкуренти како OpenAI, Meta и Google.

- Advertisement -
Ad image

Спутник момент

Технолошкиот инвеститор Марк Андреесен го нарече овој пробив „Спутник момент“, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека станува збор за „повик за будење“ во технолошката трка со Кина.

Вештачката интелигенција е едно од клучните полиња на натпревар помеѓу САД и Кина, особено откако Вашингтон воведе ограничувања за извоз на напредни чипови кон кинеските компании.

Иако успехот на DeepSeek во Кина се слави како национален триумф, аналитичарите предупредуваат дека моделот работи во рамки на строгите ограничувања на говорот и пристапот до информации што ги наметнува кинеската влада.

Лианг Венфенг е роден во 1980-тите во провинцијата Гуангдонг. Дипломирал информатичко и електронско инженерство на Универзитетот Џеџијанг, еден од водечките технолошки центри во Кина.

Компанијата брои до 140 вработени!

Неговите поранешни соработници го опишуваат како вљубеник во технологијата, кој уште пред години зборувал за визијата за тренинг на големи ВИ модели, но ретко кој го сфаќал сериозно.

DeepSeek останува релативно мала компанија со околу 140 истражувачи и инженери, значително помалку од ривалите во САД и Кина. Сепак, тимот зад оваа технологија верува дека може да направи пресврт во глобалната трка за вештачка интелигенција.

„Не правиме просечни работи. Решаваме најголеми прашања со љубопитност и визија која гледа далеку во иднината“, стои на официјалниот профил на DeepSeek на WeChat.

Share This Article