Спречена е трагедија во Куманово. Полицијата и пожарникарите спасиле 34-годишен маж кој се обидел да скокне од „Искрин мост“. Сцената, според очевидци, била напната, но завршила со олеснување, човекот се откажал од намерата, јави МВР.
„Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од ‘Искрин мост’ во Куманово“.
Спасеното лице веднаш било пренесено во Општа болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош.