СПОРТСКИ ДЕН ВО ООУ „ЖИВКО ЧИНГО“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески претпладнево во спортската сала Тодор Александров во с. Велгошти   се обрати на  отворањето на Спортскиот ден што го организира ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид , а по повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Александров.

Во своето обраќаање Секретарот Китески истакна:

– Охрид во изминатите неколку години прерасна во партнер на спортот во Охрид. Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот.

Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до оранизаторите на овој настан, бидејќи нивните активности за афирмација и подигање на спортската култура особено кај најмалдите се во корелација со заложбите на Општина Охрид.

Незимерна е радоста да се гледа во деца чии лица ги краси насмевка и задоволство. Токму такви се лицата денес на учесниците на овој спортски ден. Она што го прави посебен овој настан е тоа што преку спортска игра ќе научите дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе ви помогнат така да се однесуваат и во сите други области во понатаможниот живот.

Дополнителен бенефит на ваквите манифестации е тоа што придонесуваат за правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со правилен психо-физички и социјален развој градиме здрава иднина, како што вели народната поговорка, „Во здраво тело – здрав дух“.

За крај од моето обраќање дозволете ми да ги употребам зборовите од американскиот спортист Џим Валвано, „Никогаш не се откажувајте, Падовите и неуспесите се првиот чекор кон успехот!“-подвлече Китески.

Младите спортски таленти се натпреваруваа во дисциплините фудбал, баскет за машки и женски екипи, пинг понг и шах за мажи и жени. Подобрите во натпреварувачкиот дел ќе бидат наградени со пехари и медали.

 

Share This Article