Топ Вести - Слушај сега
Според статистиката на МВР, за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.405 граѓани, имаат по една изречена забрана.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за ТВ Алфа синоќа рече дека тоа се оние граѓани на кои секогаш може да им се случи да сторат прекршок.
Со два прекршока Тошковски вели дека се 7.987 возачи, додека по 3правосилни пресуди за забрана за управување возило имаат 1.863 возачи.
– Имаме 677 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило – рече Тошковски.
Тој додава дека сега со новиот систем возачите нема да може да возат како досега. Ефектите од зголемената контрола веќе се видливи во статистиката.
На територијата на СВР Скопје, во последните два месеци е забележан значителен пад на сообраќајните незгоди со тешки последици. Тошковски е задоволен од, според него, малиот број казни регистрирани во првите денови од стартор на „Безбеден град“.
– Ако претходно на територија на СВР Скопје сме имале 424 повредени лица, за овие два месеца имаме 288. За 32 проценти имаме намалување на повредни лица во Скопје. Во однос на загинати ако претходно имало 11, за овие два месеци се четири лица што е 64 отсто помалку – вели Тошковски.
Од 1 февруари почна да функционира системот „Безбеден град“ во градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
