Background

Специјалците ќе добијат тренинзи за борба против тероризам

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и Унгарија, при што истакна дека веќе се реализираат плановите и заклучоците од минатогодишната средба во Охрид.

„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка меѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште, очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници. Планираме оваа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука, која ќе биде темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека на билатералната средба со министерот за внатрешни работи на Унгарија, Шандор Пинтер, било договорено потпишување на нов меморандум за соработка во областа на заеднички обуки за единиците за посебни полициски операции, борба против тероризмот и обезбедување личности и објекти. „Очекуваме меморандумот да биде потпишан во втората половина на 2025 година“, нагласи Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Во рамките на посетата, министерот Тошковски утринава одржа состанок со заменик-министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте, во присуство на претставници од унгарската бизнис-заедница. На средбата се дискутираа конкретни иницијативи за унапредување на економската соработка.

„Светот влегува во нов поредок со предизвици за суверенитетот и интегритетот на нациите, како и за човековите права и слободи. Ова уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош за да останеме свои на своето“, истакна Тошковски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation