Спасувачките екипи во Турција завршија со потрагата по семејството Билир, кое го зафати трагичен инцидент при уривање на станбена зграда. Претходно беа пронајдени телата на две деца – 12-годишниот Емир и неговата сестра Хајрусине (14), додека 18-годишната Дилара била извлечена жива од урнатините.
По 19 часот, спасувачите го извлекле и телото на родителите, Емина и Левент Билир. Причините за уривањето на зградата, што се случило вчера околу 7:30 часот по локално време, сè уште не се познати, соопштија локалните власти.
Пријателите и роднините беа во шок по трагедијата. Екрем Мараз, сопственик на продавница во близина, рече дека Левент бил нивен редовен клиент и дека семејството немало каде да се исели.
– Бидејќи не можеа да се забележат пукнатини во ѕидовите или столбовите, изведувачот и општинските службеници не рекоа ништо за затворање на зградата – истакна тој.
Другите жители сепак се иселиле, но семејството Билир останало во станот. Во урнатините беа пронајдени фотографии и предмети што му припаѓале на семејството, а една порака на ѕидот, посветена на 14-годишната Хајрусине, особено ги растажи сите: „Среќен роденден, наше средно дете“.
Експертите сега ги испитуваат урнатините за да ги утврдат причините за трагедијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
