Успешно е спасен параглајдеристот кој повреден висеше на дрво високо над 30 метри кај Крушево.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вечерва информира дека во лоши услови со силен ветар, тимот за спасување на планина на ДЗС безбедно го симнала од дрвото странскиот параглајдерист кој, за среќа, нема сериозни повреди.
Локалните сили попладнево не успеале да го симнат повредениот параглајдерист, по што итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување.
