Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.
Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.
Како што образложи членот Маријана Илиевска, Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.
– Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување – рече таа.
Во заклучокот, кој Советот едногласно го усвои, беше наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.
Покрај ова, Советот донесе одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства во државата, меѓу кои во Ресен, Крива Паланка, Кочани, ВЈО Битола и ВЈО Скопје.
Седницата продолжи со одлучување по дисциплински предмети.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
