Советот на ЕУ денеска го усвои предлогот од 1 јули 2026 година да започне наплата на фиксна царина од 3 евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ од трети земја

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Советот на ЕУ денеска го усвои предлогот од 1 јули 2026 година да започне наплата на фиксна царина од 3 евра за сите мали пакети во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ од трети земја.

Оваа мерка во најголем дел ќе се однесува на пратките со производи кои жителите на ЕУ ги нарачуваат преку платформите за е-трговија, како што се „Тему“, „Шиен“ или „Алибаба“. Според податоците, на вакви пратки отпаѓаат 93% од сите мали пакети што годишно пристигнуваат во ЕУ од странство.

Со оваа привремена мерка, што ќе важи до усвојувањето на пакетот за царинска реформа, ЕУ се обидува да се справи со нелојалната конкуренција што ја создаваат платформите за е-трговија за трговците од ЕУ, но и да ги зајакне мерките за заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите и на животната средина и да ги спречи измамите со продажбата на производите преку интернет.

Европската комисија го поздрави усвојувањето на предлогот, оценувајќи дека на тој начин ќе се заштити конкурентноста на европските бизниси и ќе се изедначат условите за работа помеѓу е-трговијата и традиционалната продажба на мало.

Комисијата појаснува дека со оваа одлука ќе се премости јазот до воспоставувањето на Царинскиот центар за податоци на ЕУ, планирано кон средината на 2028 година, чие создавање е предвидено со царинската реформа во Унијата.

Привремената царинска давачка од 3 евра по пратка ќе се наплаќа на пакети директно испратени од трети земји до потрошувачите во ЕУ, појаснува ЕК.

Во соопштението се додава дека оваа мерка, е различна од планираниот „надомест за ракување со пратки од е-трговија“, за чие воведување преговорите се во тек. Овој „надомест за ракување“ има за цел да ги компензира зголемените трошоци што ги имаат царинските органи при надзор на се поголемиот број на пратки со производи нарачани преку сајтовите за е-трговија. Начелно се планира овој надомест да биде воведен од ноември 2026 година, но неговата точна висина и датум на примена ќе бидат познати откако Советот на ЕУ и Европскиот парламент ќе ги усогласат ставовите околу ваквиот предлог.

Инаку, кога станува збор за Белгија, белгиската Влада донесе индивидуална одлука за наплата на такса од 2 евра за пратките со нарачани производи преку сајтовите за е-трговија. Како што наведуваат белгиските медиуми, со стапувањето во сила на европската фиксна царина од три евра, надоместот што го воведе Белгија нема да биде укинат, туку Белгијците ќе плаќаат по пет евра за секоја пратка што ќе ја добијат од странство.

Share This Article