Background

Советот ќе ја проверува целокупната работа на Апелација Скопје

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого се води кривична постапка за Противправно стекнување и прикривање имот и за Перење пари, откако беа пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на неговите родители.

- Advertisement -
Ad image

– Судскиот совет во рамките на планот на својата работа ќе има проверки во Апелацискиот суд не само за конкретниот судија, туку за работата на сите судии. Беше извршена контрола на некои од предметите во кои постапувал судијата што го споменавте, но во моментот немам податоци да ви изнесам во смисла дали е детектиран некој пропуст или не, бидејќи комисијата сè уште ги разгледува предметите – рече Камбовски по конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.

Тој информира дека Судскиот совет претходно добил претставка против судијата Ристов, во која биле посочени 6 или 7 предмети во кои постапувал тој.

Камбовски очекува неделава да е готов извештајот од комисијата, која ја врши проверката на овие предмети.

– Претставката ја водевме како анонимна. Беше потпишана од група вработени, стручни соработници и советници на Апелацискиот суд Скопје, без потпис, без имиња, тоа, според законот, се води како анонимна. Меѓутоа, решивме да формираме комисија за да ги провериме овие предмети. Во меѓувреме ни стигна демант, исто од група вработени, стручни соработници, дека тие не ја поднеле оваа претставка. Исто така, таа е без имиња и презимиња, но на оваа втората имаат ставено потпис. И двете ги цениме како анонимни. Неделава треба да е готов извештајот – рече Камбовски.

Тој најави дека најбргу што може ќе се проверува целокупната работа на Апелацискиот суд Скопје.

Во врска со случајот со новинарката од Тетово, Љиридона Вејсели, која беше казнета со 700 евра за злоупотреба на лични податоци затоа што ообјавила име на судија, Камбовски рече дека станува збор за постапка која сè уште е во тек и во моментот кога Судски совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation