Топ Вести - Слушај сега
Охрид, 15 декември 2025 – Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид денес официјално ја започна својата традиционална донаторска акција, која оваа година ја одбележува својата 16-та годишнина по ред.
Првите социјални пакети беа доделени на ранлива категорија граѓани при НВО Света Ѓоргија во Охрид и во НВО ВОКС Охрид. Оваа година, СОС БАЛКАН МЕДИА обезбеди вкупно 100 социјални пакети кои содржат прехрамбени производи, средства за хигиена и 25 килограми брашно тип 400.
Централна манифестација на Свети Никола
Централната манифестација за најмладите ќе се одржи на 19 декември (Свети Никола) на плоштадот Свети Климент Охридски во Охрид, со почеток во 12 часот. Манифестацијата ќе вклучува богата детска програма и традиционална посета на Дедо Мраз.
Проширување на хуманите активности
Како и секоја година, СОС БАЛКАН МЕДИА традиционално ќе ја посети Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид. Новина оваа година е посетата на Општина Дебарца, каде во основното училиште во Белчишта ќе бидат посетени најмладите ученици од општината.
Со оваа 16-та донаторска акција по ред, СОС БАЛКАН МЕДИА продолжува со својата мисија за поддршка на ранливите категории граѓани и промовирање на еднаква застапеност на лица со посебни потреби во заедницата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
