Петар Грашо и Хана Хуљиќ имаат две деца, ќерката Алба и синот Тони, а сега сопругата на пејачот проговори за породувањето и проблемите со кои се соочила.
Хана Хуљиќ ги родила двете деца со царски рез, а сега ги откри проблемите што ги имала при породувањето.
– Имав книга за породувањето, читав за сите можни пози во кои жената може да се породи и за тоа што да очекувам. И на крајот, се породив на единствениот начин за кој не сум читала – со царски рез. Тоа не беше она што го сакав, но беше неизбежно – рекла Хана и објаснила:
– Ја испуштив плодовата вода, породувањето траеше 12 часа, но со сè што ми дадоа за отворање, моето тело едноставно не реагираше. Тоа ми се случи и вториот пат – се надевав на подобро искуство, но беше уште потешко.
Како што вели таа, дури откако сè поминало добро, стресот ја совладал.
– Кога породувањето конечно заврши, си реков: „Сега можеш да престанеш да бидеш храбра“. Потоа се тресев два часа. Ми рекоа дека можеби е тоа поради анестезијата, но мислам дека беше мешавина од сè, и страв и адреналин – објаснила Хана за порталот „Родитељи.хр“.
Да потсетиме, сопругата на Петар Граш неодамна зборуваше за мајчинството и истакна дека најмногу ѝ недостасува сонот.
– Секој ден кога ќе се погледнам во огледало, сум бледа, разбушавена и еден ден не ми е сеедно, а следниот сакам да одам некаде, сакам да се средам. Секој ден е некоја нова борба. И хормоните доста влијаат на тоа. Секогаш велам дека сум движечки хормон. Или сум нервозна или сум во одлично расположение. Не би сакала да бидам таква, но сфатив дека е едноставно така – раскажала Хана тогаш за „Стори.хр“.