Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност, напиша на својот фејсбук профил сопругата на Андреј Ѓорѓиески, Наталија Ѓорѓиеска.
„Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса нѐ посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со најнехуман однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.
Од медиумите, кои пренесуваат лажни информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.
Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи.
Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан.
Во овој тежок момент за сите нас, јавно ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат, пред сѐ, нашата приватност.
Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, не штитете некој кој треба да биде зад решетки!
Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и за пријателите…“, напиша Ѓорѓиеска на својот профил на Фејсбук.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
