Сообраќајот кон граничниот премин Пелинце затворен до 16 часот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и за излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Денеска од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, поради што ќе биде во прекин сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за селото Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце.

Денеска од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што ќе биде запрен сообраќајот на патот во селото Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода.

Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Share This Article