Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава, а попладне на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат во широк интервал – од утрински минусни вредности до пријатни пролетни максимуми. Минималната температура ќе се спушти меѓу -3 и 4 степени, додека дневната ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу нула степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
На почетокот на новата седмица времето ќе остане нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозите, кон средината на неделата ќе следува стабилизирање и пораст на температурите, додека во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Нов влажен бран се очекува во текот на ноќта кон петок и во петок, кога на повеќе места повторно ќе има врнежи од дожд.
Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени. Минусни температури се регистрирани и во Лазарополе, додека најтопло било во Велес со 7 степени. На Попова Шапка има и најголема снежна покривка од 53 сантиметри.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
