Топ Вести - Слушај сега
Проект на зетот на американскиот претседател, Џеред Кушнер, добил зелено светло во Тирана уште во декември 2024 година, долго пред го напушти проектот за хотелски комплекс во Белград вреден 750 милиони долари, пренесуваат српските медиуми.
Властите во Белград ги обвинија демонстрантите блокадери за одлуката на Џеред Кушнер да се откаже од хотелскиот комплекс на местото на некогашниот Генералштаб. Во јавноста во Србија се зборува дека „милијардите од Србија ќе завршат во Албанија“. Но, документите сугерираат дека Кушнер веќе има отворена врата да гради на албанскиот остров Сазан, тврди српски Н1.
Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп уште пред четири години покажале интерес за Сазан, поранешна воена база на Енвер Хоџа. Планираниот комплекс, со инвестиција над милијарда долари, добил специјален статус, „стратешки инвеститор под посебна постапка“. Тоа значи дека државата Албанија ќе му помогне при добивањето дозволи и подготовка на земјиштето.
– Правиме многу луксузен производ, но дел од островот ќе биде достапен и за посетители – изјавил Кушнер за „Гардијан“.
Албанскиот премиер Еди Рама го нарече проектот „вода во пустина“, уверувајќи дека ќе донесе нов туристички живот. Проектот од милијарда долари доби статус на „стратешка инвестиција“, но јавноста стравува од корупција и нетранспарентност.
Сепак, во Aлбанија не стивнуваат сомнежите за нетранспарентност.
– Ако проект вреден 1,4 милијарда евра нема бизнис план и студија за изводливост, тоа е алармантно – вели економистот Едуард Џокутај.
Критичарите, меѓу кои и познатиот публицист Фатос Лубоња, предупредуваат дека Албанија „распродава јавен имот на елитата под изговор дека работи на туризмот“.
Ситуацијата дополнително се комплицира со актуелните истраги на Специјалното обвинителство (СПАК) за корупција во Албанија. Се работи за истраги за неколку инфраструктурни проекти во Валона, вклучително и аеродромот кој треба да го користи идното одморалиште на Кушнер. Дел од најблиските соработници на Рама, меѓу нив и поранешната министерка за инфраструктура Белинда Балуку, веќе се под обвинение.
Западните медиуми, како „Блумберг“ и британски „Гардијан“, предупредуваат дека инвестицијата на Кушнер би можела да предизвика политички судир меѓу администрацијата на Доналд Трамп и западните партнери, поради можен конфликт на интереси.
Кушнер во декември 2024 потпишал преддоговор за закуп на островот Сазан на 99 години, со што добил пристап до поранешна воена зона изземена од употреба. Владата на Албанија се обврзала да помогне со дозволи и со инфраструктурата, што отвори прашања за транспарентност и државен интерес.
Ричард Гренел, некогашен специјален пратеник на Трамп, му ја предложил инвестицијата во Албанија. Неговото присуство се гледа како знак за политичка поддршка, но и можен судир меѓу дипломатија и приватен капитал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
