Background

Собранието треба да распише оглас веднаш по разрешувањето на државниот обвинител

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Изборот на нов државен јавен обвинител ќе почне веднаш по разрешувањето на актуелниот државен обвинител Љупчо Коцевски и според законските рокови, може да заврши многу брзо, за еден до два месеци.

- Advertisement -
Ad image

Законот за јавни обвинители предвидува дека изборот на републичкиот обвинител се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот или веднаш по упразнувањето на местото.

А местото ќе се упразни многу скоро, со оглед дека на утрешната седница на Собранието ќе се разгледува предлогот на Владата за разрешување на Коцевски и се очекува пратениците да го изгласаат.

По разрешувањето, Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. Јавен обвинител од редот на обвинителите во Републичкото јавно обвинителство.

Според Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Македонија се избира во Собранието, а на предлог на Владата, со мандат од 6 години и со право на повторно именување.

На предлог на Владата, Собранието треба да распише оглас за именување на Јавен обвинител на Македонија во Службениот весник и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник.

Штом ќе заврши пријавувањето, Владата треба да побара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати, а Советот е должен образложените позитивни или негативни мислења да ги подготви во писмена форма во рок од 15 дена.

Од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите и кои добиле позитивно мислење од Советот, Владата одбира еден и го доставува како предлог пред Собранието, каде, изборот, исто како и разрешувањето, се врши со просто мнозинство. За кандидатот што ќе го предложи Владата за државен јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и по овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Ако, пак, Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување на Јавен обвинител на Македонија и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.

Според законот, за јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице кое ги исполнува следниве општи услови: да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии и положен правосуден испит. Посебен услов за државен јавен обвинител е кандидатот да има непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Пратениците утре ќе го разгледуваат предлогот на Владата за разрешување на Коцевски поради, како што се наведува, крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста, неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката, како и поради нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори.

Владата ја почна процедурата за разрешување на Коцевски на седницата на 25 февруари, но на 26 март ја стави во мирување, по почнатата истрага по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Советот на јавни обвинители, пак, во април даде негативно мислење на предлогот на Владата за разрешувањето на Коцевски, со образложение дека Владата не понудила докази за она за што го обвинува обвинителот.

На 9 декември Владата повторно го разгледа предлогот за разрешување на Коцевски и заклучи да го достави до Собранието.

Се очекува на утрешната собраниска седница обвинителот Коцевски да се произнесе пред пратениците и пред јавноста за предлогот за неговото разрешување.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation