Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска.

Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека до почетокот на седницата, Димитровска го известила Собранието дека ќе ја образложи оставката.

– Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека ѝ престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата – истакна Гаши.

Пратеничката група од Европски фронт побара 1 час пауза, по што прекина седницата.

По констатирањето на оставката на Димитровска треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ја констатира оставката.

Како што е познато, партијата Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Неколку дена после тоа Димитровска поднесе оставка.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

 

Share This Article