Background

Собранието ги потврди оставките на Марко Бислимоски и на Цвета Ристовска

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска.

- Advertisement -
Ad image

По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот и министрите.

На дневен ред на 85. седница се Предлог – одлука за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог на одлука за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор, Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Пратениците ја утврдија потребата за носење на Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка, со којшто се предвидува продолжување на рокот за дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно законот да важи до 3 март 2031 година.

Во прво читање се Предлог на закон за органско земјоделско производство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.

На дневен ред на седницата е и Предлог-резолуција за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation