Background

Со зурли и тапани беше пуштен големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Со пуштањето во употреба на големиот тунел Муриз, попладнево, што е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од Дебар до Тирана веќе се пристигнува за еден час.

Во присуствуваа жители од поширокиот регион, со зурли, тапани, оро, беше пречек премиерот Еди Рама, заедно со вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, како и други министри.

Вообичаени говори немаше, освен поздравување со граѓаните на кои Рама уште еднаш им вети дека додека е тој на чело на албанската влада, на овој автопат нема да се наплатува патарина.

- Advertisement -
Ad image

– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, додека јас сум премиер. Овој пат е финансиран со албански средства. На сите патишта може да се наплатува патарина, но не и „Патот на Арбр“ – рече претходно Рама.

Тунелот од денес е пристапен за сите видови возила, а работите продолжуваат на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Почна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, севкупно, има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.

– Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ станува важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Северна Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување – изјави претходно Балуку.

Поради добрата инфраструктура во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато. Така, минатата година, како што за МИА, потврдија од македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation