По повеќе од 24 часа неизвесност и интензивна потрага, заврши со среќен епилог исчезнувањето на 34-годишната прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска.
Нејзиното исчезнување беше пријавено во Министерството за внатрешни работи на 23 јули, откако нејзината сестра пријавила дека таа со својот автомобил се оддалечила од домот и не се вратила. Потрагата по неа ја водеше и нејзиното семејство, особено сестра ѝ Соња, која на социјалните мрежи објави апели за помош, повикувајќи ги сите граѓани кои можат да помогнат со какви било информации.
Вчера, полицијата официјално ја потврди веста дека Б.Ј.А. е пронајдена жива и во добра здравствена состојба.
– На 24.07.2025 во 19.05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани, кај лицето Д.П. во село Крушеани, општина Кривогаштани, ја пронајдоа Б.Ј.А. (34) од Прилеп, за која на 23.07.2025 нејзината сестра С.Ј.М. пријави дека со своето возило се оддалечила од домот. Лицето е пронајдено во добра здравствена состојба – информираа од МВР.
Нејзината сестра Соња, благодарна за поддршката, се огласи на социјалните мрежи.
„Ви благодарам на секоја помош. Биљана е пронајдена, жива е“, напиша таа.