Со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната гаража зад Парламентот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Речиси целосно е готов посебниот закон со кој ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор веднаш зад Собранието, информираше денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите. Со посебниот закон околината на Парламентот ќе биде прогласен за безбедносна зона.

Најголемо внимание во подготовката на законот е обрнато на начинот како ќе биде обесштетен сопственикот на земјиштето, затоа што се работи за приватна сопственост, а законот мора да биде во согласност со Уставот, рече Гаши. Тој не прецизираше дали се предвидува национализација или експропријација на земјиштето, ниту пак, дали имаат процена колку пари ќе чини обесштетувањето на сопственикот.

– Веднаш откако почна да работи овој состав на Собранието формирав работна група, во која се претставници на сите надлежни институции, за да го решиме овој долгогодишен проблем. За жал, земјиштето зад Собранието е продадено на приватно лице, кое сакаше да изгради катна гаража. Три дена по мојот избор за претседател на Собранието, багерите веќе дојдоа. Работата беше сериозна. Во работната група дојдовме до едно законско решение, кое е 99 отсто завршено и со кое околината на објектот на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Такви се сугестиите на безбедносните служби и така ќе се реши проблемот – рече Гаши.

Тој додаде дека кога нацрт-законот е биде целосно готов, ќе им го дадат на сите пратенички групи.

– Ова е државен интерес, на сите граѓани и сакаме овој закон да го изгласаат сите пратеници. Законот ќе го промовираме кога ќе биде целосно готов, затоа што можеби ќе има и други предлози од пратеничките групи. Но, ние, како работна група и како институција сакавме да предложиме едно долгорочно и содржајно решение – рече Гаши.

Тој најави дека во текот на февруари ќе го испрати законот на пратениците, а брзината на неговото усвојување ќе зависи од пратеничките групи.

Државното земјиште кај Собранието беше продадено на јавно наддавање во 2013 година, кога министер за транспорт и врски беше Миле Јанакиески. Фирмата „Анго“ ДООЕЛ парцелата од 2.455 квадратни метри ја купи за 136 евра за квадрат или вкупно за 333.000 евра. Според деталниот план беше предвидено гаражата да има приземје и два ката, а влезот беше предвиден од кај пристапната улица помеѓу Собранието и Домот на АРМ.

Инвеститорот, „Анго“ ДООЕЛ, доби одобрение за градење во август 2014 година од Општина Центар, а Општината во 2018 година го поништи, затоа што изградбата не почна во предвидениот рок. Потоа инвеститорот се жалеше пред Управниот суд, и откако ја доби постапката, реши да продолжи да гради.

Share This Article