Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите.
– Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила „пинцгауер“ (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортери БТР 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспорти „хермелин“ со влечни цистерни од 2, 4, 6 и 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се во фаза на опремување со моќни водни пумпи со домет на водениот млад од 25 до 100 метри – истакна министерот Тошковски.
Возилата се предадени на Дирекцијата за заштита и спасување а се преземени од Министерството за внатрешни работи и други институции а огромна поддршка во нивно опремување имаше и од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Пренамената на овие возила дава можност тие повторно да ја исполнуваат својата цел за што се наменети, да бидат искористени во одбрана на Македонија, во овој случај од пламените јазици на пожарите, додаде Тошковски.
Tagged as:
Со „пинцгауер“ и со „хермелин“ ќе се справува со огнот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
