Светскиот супермодел Ирина Шајк блесна на карневалот во Рио де Жанеиро.
Руската убавица Ирина Шајк каде и да се појави привлекува големо внимание, а со новите објави на Инстаграм ги воодушеви сите свои следбеници.
Имено, таа прво позираше целосно гола во кревет, покривајќи ги интимните делови со рацете. На себе имаше само накит со кралско сина боја.
Ирина на тој начин најави дека ќе учествува на карневалот во Рио де Жанеиро, не криејќи ја возбудата.
Набргу потоа објави фотографија од карневалот, во традиционален костим во иста боја како и накитот што го носеше претходно.
„Штипнете ме, ова е сон! Не можам да верувам дека ова е реално… Бразил, ти благодарам многу за љубовта што ми ја подари. Рио, ти беше толку магичен. Бразил – опседната сум со тебе“, напиша таа покрај фотографијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
