Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, кој денеска беше во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран.

– Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Посебно горд сум што по долга пауза, повторно е воспоставена граничната патрола по Дојранското Езеро. Тоа е доказ дека нема да дозволиме ниту една точка од нашата граница да остане незаштитена – ниту на копно, ниту на вода – рече Јанев.

Директорот изврши увид врз донираната техничка опрема и возила од Сојузната германска полиција и потенцира дека таквата поддршка ни значи многу.

– Германските партнери преку опрема, дигитални алатки и заеднички обуки ја зајакнуваат нашата гранична полиција да биде уште поефикасна во откривање и спречување на прекуграничниот криминал. Ова е патот напред: патриотизам на дело, партнерства во пракса, безбедност за секој граѓанин и бескомпромисна борба против криминалот! – нагласи директорот Јанев.

Share This Article