Background

Со Хајрулахи сториле тешки дисциплински повреди, соопшти ЈО

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски по сусензијата на шефот на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, денеска го суспендираше и вишиот обвинител Јован Цветановски, за сторена тешка дисциплонска повреда.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција донела две решенија – едното за Хајрулахи, а второто за Хајрулахи и за Цветановски.

„Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство. Исто така, Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“, соопшти Јавното обвинтелство.

- Advertisement -
Ad image

Постапувајќи по предлогот на државниот обвинтел, се додава во соопштението, Комисијата одржа расправа на која ги разгледа писмените извештаи од известителите по предлогот за поведување дисциплински постапки, како и писмените изјаснувања на јавните обвинители. Комисијата оценила дека постои основано сомнение дека во двата случаи јавните обвинители сториле тешки дисциплински повреди.

„Во првиот случај, дисциплинската постапка е поведена против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Втората дисциплинска постапка е поведена против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение, како и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети. Бидејќи Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за оддалечување од функцијата и на другиот јавен обвинител против кого е поведена дисциплинска постапка, сè додека трае постапката против него.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation