Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.
Испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов преку Фејсбук порача дека „потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ“.
Пожарот тука се гасне веќе трет ден, а денеска поради силниот ветер состојбата излезе од контрола. Според информациите од терен, состојбата со огнената стихија станува сè подраматична.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
