Топ Вести - Слушај сега
Со децении, традиционалните шведски ќесички за тутун, познати како снус, се издвојуваа од цигарите како помалку штетна алтернатива на никотинот. Во последниве години, никотинските ќесички, модерна еволуција на снус без тутун, влегоа на глобалните пазари и привлекоа милиони возрасни потрошувачи кои бараат почиста опција без чад. И двата производа го прават никотинот орално достапен и ги избегнуваат штетните нус производи од согорувањето на тутунот, но значително се разликуваат според составот, профилите на ризик и регулаторниот третман. Разбирањето на овие разлики е од суштинско значење за да се оцени нивната улога во намалувањето на штетата од тутунот.
Снус е влажен, тутунски производ без чад кој потекнува од Шведска. Се става под горната усна, дозволувајќи никотинот да се апсорбира преку непцата. За разлика од американскиот тутун за џвакање, снус е пастеризиран, а не ферментиран, процес што значително ги намалува нивоата на нитрозамини специфични за тутунот, кои се група на моќни канцерогени материи. Никотинските ќесички, од друга страна, воопшто не содржат листови од тутун. Тие користат целулозна база збогатена со никотин, ароми и засладувачи, нудејќи слично корисничко искуство како и снус, но без присуство на тутун.
Значителен број научни докази и сознанија ја потврдуваат релативната безбедност на снус во споредба со пушењето. Податоците од Шведска, каде што употребата на снус е широко распространета кај мажите, покажуваат дека земјата има најниска преваленца на пушење и смртност поврзана со пушење во Европската Унија. Истражувањето објавено во водечкото медицинско списание „The Lancet“ директно го поврзува овој успех на Шведска со нејзината долгогодишна култура на употреба на снус. Според Шведската агенција за јавно здравје, помалку од 5 отсто од шведските мажи пушат традиционални цигари, додека просекот во ЕУ останува над 20 отсто. Следствено на тоа, Шведска пријавува приближно 40 отсто помалку смртни случаи поврзани со тутун од европскиот просек. Иако снус не е безопасен, студии од институции како што се Националниот институт за рак на САД и „Кингс колеџ“ во Велика Британија, покажуваат дека снус не ги зголемува значително ризиците од рак на усната празнина, белите дробови или кардиоваскуларниот систем. Некои истражувања сугерираат дека долготрајната употреба може во мала мера да го зголеми ризикот од заболување на панкреасот или да предизвика иритација на непцата, но овие ризици и понатаму се драматично пониски од оние поврзани со пушењето.
Никотинските ќесички се понов производ и затоа помалку се проучувани општо, но првичните научни сознанија и докази сугерираат сличен профил на ризик како снус, кој е поволен. Истражувачи од Универзитетот во Масачусетс Амхерст во 2025 година ја направија првата систематска проценка на студиите за никотински ќесички и заклучија дека пушачите кои преминуваат на ќесичките се значително помалку изложени на токсични и канцерогени соединенија. Иако истражувањето ја нагласи потребата од повеќе долгорочни податоци, го поддржа централниот принцип на намалување на штетата: замената на производи со висок ризик, како што се цигарите, со алтернативи со помал ризик, може значително да ја намали штетата.
И снус и никотинските ќесички овозможуваат јасни придобивки со елиминирање на согорувањето на тутунот, главната причина за болести поврзани со пушењето. Со непостоењето на чад, тие го отстрануваат катранот, јаглерод моноксидот и илјадници хемиски нуспроизводи кои влијаат за појава на рак, срцеви и респираторни заболувања. Двата производа се покажаа и како ефикасни алатки за откажување од пушење. Во Норвешка, каде што употребата на снус се зголеми во текот на изминатата деценија, стапките на пушење кај повозрасните луѓе драматично се намалија, а помладите возрасни се свртеа кон снус наместо цигари, со историски високи стапки. Првичните докази сугерираат дека никотинските ќесички можат да имаат слична улога за помладите генерации кои бараат почисти и подискретни алтернативи на цигарите. Непостоењето на мирис и дискретното користење ги прават општествено прифатливи во средини каде што пушењето е забрането, а фактот што ќесичките не содржат тутун значи дека не ги обојуваат забите како снус. Снус и никотинските ќесички создаваат многу помалку еколошки отпад, избегнувајќи ја пластиката, батериите и електронските компоненти.
И покрај овие предности, двата производа имаат недостатоци. Она што најмногу ги загрижува креаторите на политиките е стравот дека можат да ја продолжат зависноста од никотин и да го отежнат целосното прекинување за некои корисници. Иако здравствените ризици од снус и никотински ќесички се релативно ниски, тие можат да предизвикаат иритација на усната шуплина, повлекување на непцата или мали мукозни промени, иако тие обично исчезнуваат кога ќе престане употребата. Шведскиот бренд Stingfree AB ги неутрализираше овие проблеми креирајќи снус и никотински ќесички со интегрирана заштита за непцата. Конкретно за никотинските ќесички, регулаторите нагласуваат дека долгорочните истражувања се сè уште ограничени бидејќи тие се нов производ. Употребата од страна на младите останува проблем на некои пазари, што предизвикува повици за построги мерки за проверка на возраста и одговорни маркетиншки практики.
Регулаторниот третман на снус и никотински ќесички варира значително во различни региони. Во Европската Унија, снус е забранет според Директивата за тутунски производи, со исклучок на Шведска, која преговараше за исклучок кога се приклучи на ЕУ во 1995 година. И покрај децениските шведски податоци кои покажуваат силни придобивки за јавното здравје, ЕУ се спротивстави на повторната евалуација на забраната. Никотинските ќесички, пак, зафаќаат регулаторна сива зона. Некои земји-членки на ЕУ ги класифицираат според фармацевтските правила или наметнуваат ограничувања на јачината на никотинот, додека други дозволуваат отворена продажба со минимални ограничувања.
Во САД, двата производа се легални. Одредени брендови на снус, добија статус на тутунски производ со модифициран ризик, од страна на Американската администрација за храна и лекови (FDA). Во 2025 година, FDA го одобри маркетингот на 20 производи од никотински ќесички, заклучувајќи дека нивната достапност веројатно ќе биде од корист за целокупното јавно здравје со тоа што ќе им помогне на пушачите да преминат на алтернативи со помал ризик. Во Велика Британија, снус е забранет за продажба, но е дозволен за личен увоз и употреба, додека никотинските ќесички се продаваат слободно според општите правила за безбедност на производите и се признати од агенциите за јавно здравје како значително побезбедни од пушењето.
Снус и никотинските ќесички претставуваат две точки на истиот спектар за намалување на штетата: едната е традиционален тутунски производ со децениски епидемиолошки докази, а другата е модерна иновација без тутун, создадена да понуди слични придобивки со потенцијално уште помалку ризици. И двете покажуваат дека кога возрасните пушачи имаат пристап до алтернативи со низок ризик, стапките на пушење опаѓаат. Останува предизвикот за креаторите на политиките да обезбедат регулативи со кои ќе ги заштитат младите луѓе без да им го ускратат пристапот на возрасните кои сакаат да изберат подобра алтернатива за своето здравје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
