Снаата на Кеба блеска во ултра краток фустан со светки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, неодамна тајно се ожени со 15-години помладата девојка Софија Дачиќ.

Софија е многу активна на социјалните мрежи, а сега со пријателите сподели фотографија од забава.

За оваа пригода Софија облекла тесен фустан со светки, а нејзиниот сопруг цврсто ја држел околу половината.

Тие биле излезени со пријателите, па Софија споделила нивна заедничка фотографија од излегувањето.

 

Инаку, како што пренесуваат домашните медиуми, Софија Дачиќ пред Игор Којиќ била во долгогодишна врска, која ја прекинала во ноември 2024 година.

Таа го запознала Игор непосредно пред новогодишната ноќ, а со него славела во еден ресторан во Нов Белград.

– Софија пред Игор беше во долгогодишна врска. Сите мислеа дека ќе се омажи за тоа момче, но љубовта се распадна… Таа многу го сакаше тоа момче, а раскинаа во ноември. Таа веднаш тргна понатаму, а поради раскинувањето драстично ја скрати косата. Таа со години имаше долга кафеава коса, на кога ја скрати во фризура боб ги шокираше пријателите и семејството – рекол изворот, па додал:

- Advertisement -
Ad image

– Игор и Софија се запознаа случајно, преку заеднички пријател. Софија е активна на ТикТок и редовно прикачува видеа, кои го привлекоа вниманието на Игор. Таа е весела и насмеана. Кај него во Бежанија заедно дочекаа Нова година, а потоа и Божиќ. На Игор му се допаѓа нејзината енергија, поради што реши да се ожени со неа по само 10 дена познанство – рекол блиска личност на Софија.

Да потсетиме, синот на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, на 3 јануари тајно се ожени со својата избраничка Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него.

Игор и Софија го кажаа судбоносното „да“ пред матичар, а наскоро планираат и црковна венчавка. Тие направија тајна граѓанска венчавка во Нов Белград, но веста се прошири многу брзо.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article