Background

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР ВО СТЕЧАЈ БИТОЛА : Кои закони ги крши судијата Иван Колевски и зошто молчат ЈО ГОКК, МВР и Финансиската полиција

Стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер АД Битола веќе со месеци претставува отворена правна и институционална криза. Во центарот на скандалот е стечајниот судија Иван Колевски, чии дејствија  и недејствија , директно кршат повеќе членови од домашното законодавство.

I. ПРЕКРШЕНИ ЧЛЕНОВИ ОД ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ

Член 7 — Должност за законито постапување Стечајниот судија е должен постапката да ја води согласно со закон и во интерес на доверителите. Судијата Колевски, наместо да ja штити постапката, очигледно постапувал под надворешни притисоци , конкретно по налог на претставниците на ФД Фактор ИН ДОО Скопје, Даница Џутевска и Владе Пазарџиески и одреденни ешетари од битослкиот бизнис секро,кој на Колевски му ветиле дека ќе го постават за претседател на битолскиот суд.

- Advertisement -
Ad image

Член 33 став 4 — Статус и заштита на стечајниот управник: Стечајниот управник при вршењето на своите должности има статус на службено лице и право на законска заштита. Даниела Блажевска, претходната управничка, совесно и стручно ги оспори фиктивните побарувања на Фактор ИН. Наместо да биде заштитена, таа беше сменета , експресно, полноќно, без образложение.

Член 69 став 1 — Именување на стечаен управник Стечајниот судија го именува управникот на начин и под услови утврдени со закон. Смената на Блажевска и нејзина замена со нова управничка  беше направена без транспарентна постапка и без јавно образложение , спротивно на овој член.

Членови 74–76 — Разрешување на стечаен управник Стечајниот управник може да биде разрешен само ако: не ги извршува должностите совесно и стручно, постои конфликт на интереси, постои барање од Собранието на доверители или постои образложена одлука на стечајниот судија. Ниеден од овие законски услови не беше исполнет. Блажевска беше сменета токму заради тоа што ги оспори сомнителните побарувања , односно токму заради тоа што ги извршуваше своите должности совесно.

Член 18 — Органи на постапката и нивна независност Органите на стечајната постапка , стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители , мора да функционираат независно. Во случајов, доверителот (Фактор ИН) de facto командува со судијата и со управничката, со што целосно се уривa принципот на независност на постапката.

II. ПРЕКРШЕНИ ЧЛЕНОВИ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Член 353 — Злоупотреба на службена положба и овластување Судијата Колевски, во својство на службено лице, преземал дејствија  и не преземал дејствија  спротивно на своите службени овластувања, со кои им прибавувал корист на трети лица (Фактор ИН), а на штета на доверителите и стечајната маса. Ова е класичен состав на кривично дело по членот 353 ставови 1, 3 и 5 од Кривичниот законик.

Член 354 — Проневера во службата Дозволувањето на фиктивни побарувања да влезат во стечајната постапка без форензичка проверка, во корист на конкретен доверител (Фактор ИН — 469,8 милиони денари), има сите обележја на проневера во службата.

Член 368 — Спречување на докажување- Смената на управничката која го документирала криминалот, без образложение и под очигледен надворешен притисок, практично е чин на спречување на докажување.

Член 394 — Злосторничко здружување- Координацијата меѓу Даница Џутевска, Владе Пазарџиески (Фактор ИН) и судијата Колевски во функција на заштита на фиктивни побарувања и отстранување на управничка која ги разобличила , претставува организирана криминална активност во смисла на овој член.

Член 280 — Лихварство и перење пари Факторингот преку кој Фактор ИН ги стекнал побарувањата, зголемени за над 19.000% за три години, укажува и на можни елементи на лихварство и перење пари.

III. ЗОШТО МОЛЧАТ ГОКК, МВР И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА?

Ова е суштинското прашање кое јавноста со право го поставува.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ГОКК) , надлежно е токму за вакви случаи: злоупотреба на службена положба од страна на судија, организирано криминално здружување и финансиски криминал од голем обем. Документираните докази , официјални стечајни документи, табели на побарувања, временска рамка на „полноќните смени” , се доволна основа за pokrenување истрага. Сепак, ЈО ГОКК молчи.

МВР — Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал (CSOC) — поседува единица специјализирана за финансиски криминал и перење пари. Раст на побарувања за 19.000% за три години, исчезнати 29 милиони евра, мрежа на фиктивни должници , ова е токму профилот на случај за кој таа единица постои. Сепак, МВР молчи.

Управата за финансиска полиција — во претходен период спровела контрола во СН Осигурителен Брокер. Наодите , ако ги има , не се јавно достапни. Финансиската полиција молчи.

Зошто? Можните одговори се малку, но загрижувачки: политичка заштита на поврзани лица, директен притисок одозгора, или институционален страв да се пипне случај поврзан со судска власт. Без разлика на причината , молчењето на институциите е соучесништво.


IV. КАДЕ Е СУДСКИОТ СОВЕТ?

Судскиот совет на РСМ е надлежен за дисциплинска и кривична одговорност на судиите. Претседателот Камбовски , внук на Владо Камбовски, кој потекнува токму од Битолското апелационо подрачје , мора да биде свесен за она што се случува во Основниот суд Битола. Неговото молчење е исто толку скандалозно колку и дејствијата на судијата Колевски.

Барања на јавноста:

Охридскај и истражувачкиот тим предводени од главниот и одговорен уредник Сашо Денесовски инсистираат на следново: ГОКК веднаш да поведе истрага против судијата Иван Колевски, МВР и Финансиската полиција да ги откријат резултатите од контролата, Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка против Колевски, да се обезбеди форензичка ревизија на сите побарувања во стечајната постапка и Даница Џутевска и Владе Пазарџиески да бидат предмет на кривична истрага.

Вистината за 29-те милиони евра мора да излезе на виделина.

Сашо Денесовски

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation