Background

Словенија со засилени контроли, Латвија со огромен дефицит

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Законот за заштита од пушење не ги дава посакуваните резултати во дел од државите кои се одлучија за рестриктивни мерки. Од Стопанската комора веќе реагираа дека предложениот закон во Македонија, изработен по словенечкиот модел, кај нас е неприменлив од повеќе причини. Во меѓувреме во Словенија се појавија низа предизвици за неговото спроведување. Словенија во 2024 година ги забрани за продажба ароматизираните никотински производи, како што се вејповите и вкусовите што се користат за уредите на загревање. Сега државата се соочува со пораст на црниот пазар, каде нема никаква контрола за квалитетот и безбедноста на состојките. Уште повоочлив е примерот во Латвија.

- Advertisement -
Ad image

Словенија во 2024 година регистрира стапка на пушење од 20,1% и иако сѐ уште нема официјални податоци за 2025 година, се проценува дека стапката на пушење се намалила за незначителен еден процент, на 19,2%. Ваквиот податок ги потврдува резултатите од анкетата на ИПСОС, спроведена во 2024 година додека траела јавната расправа за предложените ригорозни мерки. Интервјуирани биле 180 корисници на вејпови и најголемиот дел од нив одговориле дека користат електронски цигари со цел да го намалат или целосно да престанат со пушењето на цигари. Деведесет проценти од анкетираните корисници на ароматизирани вејпови сметале дека забраната за вкусови би можела да ги врати назад кон пушењето на цигари. Околу три четвртини одговориле дека властите треба да ги поддржат помалку штетни алтернативи на цигарите, а половина истакнале дека доколку постои можност, веројатно ќе се снабдуваат од „црниот пазар“.

Токму таков е случајот сега, а од Финансиската управа на Република Словенија соопштија дека се соочуваат со повеќе прекршоци на набавка на никотински производи преку интернет.

„Поголемиот дел од прекршоците утврдени досега во областа на увозот од страна на физички лица се поврзани со увозот на електронски цигари (или сродни производи), што е забрането. ФУРС врши континуиран надзор, со службени лица присутни во секое време, како во патничкиот, така и во поштенскиот сообраќај, каде што сите пратки што пристигнуваат од трети земји се предмет на надзор“, соопштија од Управата.

Покрај преку интернет, Управата спроведува и засилени акции на терен. Една од поголемите заплени на нелегални цигари и ароматизирани вејпови се случила на главниот пазар во Марибор.

– Потрошувачите често не знаат дека производите, покрај тоа што се поевтини, тие содржат непроверени хемикалии и се произведени во неприфатливи хигиенски услови – изјави Марко Хорват, директор на подрачната единица на ФУРС.

Покрај негативното искуство во Словенија, слични резултати од рестриктивните забрани има и во Латвија, каде од први јануари 2025 година е забранета продажбата на ароматизирани никотински производи. Државата регистрира пораст на црниот пазар и значителен дефицит во државниот буџет.

Според пишувањата на локалниот медиум la.lv, постоеле постојани предупредувања дека ваквите ограничувања се непотребни, бидејќи и онака продажбата на малолетници е забранета, а популарните ароматизирани производи ќе се преместат во нерегулираниот црн пазар.

„Се чини дека овие предупредувања се материјализираа. Податоците за приходите од акцизи за првите три месеци од 2025 година покажуваат дефицит од над 1,5 милиони евра, при што трговците пријавуваат масовен егзодус на клиенти на нелегалниот пазар каде што производите немаат контрола за квалитетот и државен надзор. Обемот на нелегалниот пазар, наводно, достигнува 42,4% од вкупната потрошувачка во првите четири месеци од 2025 година, што е зголемување во однос на 31,4% во 2024 година“, пишува медиумот.

Од регионот, со големи маки со црниот пазар на вејпови се соочува и Бугарија, каде само една откриена голема пратка од вејпови произведени во Русија, без контрола на составот, му нанела штета на буџетот од околу 500.000 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation