Словенечката владата го ограничи точењето на гориво на бензинските пумпи и ја ангажира армијата во испорака на гориво низ целата земја со цел да го стабилизира снабдувањето со гориво.
Цистерните со гориво веќе тргнаа кон бензинските пумпи.
Според одлуката на владата секое физичко лице ќе може да налее максимум 50 литри гориво, додека правните и физичките лица кои се занимаваат со бизнис, меѓу кои и земјоделците, ќе можат да налеат максимум 200 литри.
Покрај ограничувањето за точење на гориво, со цел да се спречи недостиг на гориво, се ангажирани и екипи на цистерни за гориво во 670-от логистички баталјон. Тие учествуваат во дистрибуцијата на бензин и дизел низ целата земја.
„Во согласност со уредбата на Владата на Република Словенија, подготвивме тим и материјални средства за да обезбедиме снабдување со гориво во Словенија. Логистичката бригада треба да го поддржи непреченото снабдување со нафтени деривати. 670-от логистички баталјон активираше екипи на цистерни за гориво, кои поминаа дополнителна обука, а потоа се приклучија на извршувањето на задачите на терен. Со расположивите ресурси, воените цистерни веќе учествуваат во испораката на гориво и придонесуваат за постабилно снабдување низ целата земја“, соопшти словенечката армија.
Словенечката влада, и покрај изборите, ги покани дистрибутерите на нафта да ги координираат испораките од магацините до бензинските пумпи. Нивната одлука е на сила до понатамошно известување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
