Словенечката министерка за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар му понудија оставки на премиерот Роберт Голоб, кој веднаш ги прифати. Голоб свика вонредна седница по трагедијата во Ново Место.
– Вакво нешто не смее да ни се случува. Надлежните министри ја прифатија својата одговорност. Ги прифатив двете оставки – потврди Голоб по состанокот со министрите.
Истрагата за кривичното дело, според началникот на полицијата Дамјан Петрич, сè уште е во тек, пишува 24ur.
Словенија завчера беше потресена од трагичен настан, во кој едно лице го загубило животот. Еден маж бил брутално претепан пред ресторан во Ново Место во петокот вечерта, а подоцна им подлегнал на повредите. За денеска е најавен протест.
Според неофицијалните информации, младиот човек го повикал својот татко од клубот „ЛокалПатриот“ тврдејќи дека му се закануваат група луѓе, по што победал да дојде да го земе. Неговиот татко веднаш пристигнал, и бил нападна од група мажи, наводно членови на ромската заедница, кои му нанеле сериозни повреди на главата, по што со возило од брза помош бил пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
