Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница на Европскиот парламент. Во дебатата учествуваа голем број европратеници, вклучително и самиот Вајц, како и неколку бугарски претставници.
Посебно внимание предизвика дискусијата на словенечката европратеничка Ирена Јовева која зборуваше на македонски јазик. Таа им се обрати на бугарските европратеници со зборовите:
-За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, знам – рече меѓудругото Јовева.
Дискусијата се одвиваше во пресрет на денешното гласање за извештајот, кога ќе се дискутира и за амандманите, меѓу кои е и оној предложен од трите најголеми политички групации во Европскиот парламент. Амандманот, според најавите, предвидува целосно бришење на спомнувањето на македонскиот јазик и идентитет во текстот на извештајот.
Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.
Tagged as:
Словенечка европратеничка на македонски им се обрати на бугарските европратеници
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
